Се унапредува средното стручно образование во општина Струмица

Се унапредува средното стручно образование во општина Струмица

Општина Струмица континуирано ги поддржува реформите кои се во насока на унапредување на средното стручно образование, со цел обезбедување на квалификувани кадри и можност за вработување на младите веднаш по завршувањето на средното образование.

Тоа го потврди и денеска со одржувањето  на настанот „Учи паметно, работи стручно“ во Домот на АРМ, а на кој покрај претседателот на Советот, Марјан Даскаловски и претставници од Општината, присуствуваа и претставници на средните општински училишта и бизнис заедницата. Од името на градоначалникот Костадин Костадинов, присутните ги поздрави Танкица Митрева, член на Советот на општина Струмица. Општина Струмица дава поддршка на активностите на Министерството за образование и наука, кои се во функција на  спроведување на кампањата „Учи паметно, работи стручно“ која од оваа година е трансферирана на локално ниво. Во рамките на тие активности општина Струмица ги зема во предвид потребите на компаниите, па согласно таквата практика, поголем дел од нив стануваат дел од предлог-плановите за запишување на ученици во прва година во средните училишта во нашата општина. Како резултат на тоа, се повеќе расте интересот од страна на учениците за запишување во дуалните паралелки. Во учебната 2021/2022 година беа воведени шест дуални паралелки, и тоа по три во средните општински училишта „Никола Карев“ и „Димитар Влахов“. Веќе во следната, односно во тековната учебна 2022/2023 година, беа воведени седум дуални паралелки, од кои една во СОУ „Јане Сандански“ и по три во средните училишта  „Никола Карев“ и „Димитар Влахов“. За наредната учебна 2023/2024 година се предлага воведување на една нова дуална паралелка во економската струка, профил економски техничар во СОУ „Јане Сандански“, и една во здравствената струка, профил болничар-негувател во СООУД „Димитар Влахов“, рече Митрева.

 

На средбата се разговараше и меѓусебно се споделуваа информации кои се во интерес на унапредувањето на средното стручно образование во општина Струмица.