Чествувањето на овој голем празник започна синоќа со празнична вечерна служба во храмот на Светите Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици.
Меѓу своите сограѓани, со радост и молитви, за добро и мир на сите граѓани и на заедницата, беше и градоначалникот Петар Јанков со семејството, претседателот на Советот на општина Струмица, Никола Маџунков и членови на истиот.
Празнувањето продолжи денеска со Света Архиерејска Литургија во храмот „Свети Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици“, а ќе заврши со свечената седница на Советот на општина Струмица во 11,30 часот во НУЦК „Антон Панов“ на којашто за значењето на празникот ќе зборува градоначалникот Петар Јанков, а традиционално ќе бидат доделени годишните награди и наградата за животно дело.


