Струмица гради силни регионални и прекугранични партнерства

Струмица гради силни регионални и прекугранични партнерства

Струмица е отворена општина и посветена на развивање партнерства кои придонесуваат за напредок на локалната заедница и зајакнување на регионалната соработка.

Градоначалникот Петар Јанков денеска имаше уште една средба со претставник на дипломатскиот кор во државата – амбасадорката на Република Грција во нашата земја, нејзината екселенција Софија Филипидоу.

На средбата се разговараше за:

  • –  Можностите за унапредување на соработката на локално и регионално ниво.
  • – Иницијативи кои можат да придонесат за развој на економската, културната и институционалната соработка.

Беше истакнато дека струмичкиот регион има значајна географска позиција, имајќи предвид дека граничи со Република Грција и Република Бугарија, две земји членки на Европската Унија. Ова отвора дополнителни можности за:

  • –  Прекугранична соработка
  • –  Реализација на заеднички проекти
  • –  Поврзување на институциите и граѓаните од регионот