Струмичките кикбоксери, членови на кик бокс клубот ТИМ ЗОРАН на Меѓународниот кикбокс турнир „Балканс бест фајтерс 6“ во Ниш – Република Србија освоија 13 медаљи од кои 5 златни, 6 сребрени и 3 бронзени медали. Зоран Спасов истакна дека нашите кикбоксери беа толку супериорни што во некои финални борби се пласираа нашите борци.
Градоначалникот на Општина Струмица истакна дека ваквите резултати го прават особено горд, Општина Струмица секогаш го помагала спортот и кикбоксот, а така ќе биде и во иднина. На приемот беа разменати пригодни подароци помеѓу Градоначалникот Костадинови и членовите на кикбокс клубот Тим Зоран.