Делегација од Амбасадата на Велика Британија во Македонија, предводена од амбасадорот Метју Лосон, денеска престојуваше во официјална посета на Општина Струмица.
Градоначалникот Петар Јанков го запозна амбасадорот Лосон со карактеристиките, потенцијалите и можностите на Струмица, како и со функционирањето на локалната власт и нејзините приоритети.
На средбата се разговараше за актуелни теми и за можностите за продлабочување на соработката на локално ниво, особено во областите на економскиот развој, образованието, културата и размената на искуства во локалната самоуправа. Притоа беа потврдени одличните билатерални и пријателски односи меѓу двете земји.
Градоначалникот Јанков му се заблагодари на амбасадорот Лосон за посетата, нагласувајќи дека ваквите средби се значајни за градење нови партнерства и стекнување нови искуства во унапредување на соработката, од која бенефит ќе имаат граѓаните.

