Во организација на Општина Струмица и Евангелско-Методистичката Црква Струмица, вечерва (27.11.2025 година) со почеток во 19 часот во театарот „Антон Панов“ ќе биде изведена музичко – сценската претстава „Божиќно Чудо“. Овој мјузикл се изведува во над 45 градови во Европа и преку музика и актерска игра испраќа порака за радост и среќа во овој претпразничен период. Наменет е за сите возрасти и е совршена можност за семејно уживање и создавање убави спомени. Влезот е бесплатен, а за да го обезбедите вашето место, потребна е претходна регистрација преку Facebook или Instagram страницата Поскрѐкно Утре, или преку скенирање на QR-кодот на постерот. Ве покануваме да ја споделиме празничната радост заедно и да уживаме во едно вистинско Божиќно чудо.
„Божиќно Чудо“ вечерва во театарот „Антон Панов“

