Британска делегација во посета на Струмица: Поддршка за локалните напори и животната средина

Британска делегација во посета на Струмица: Поддршка за локалните напори и животната средина
Делегација од амбасадата на Велика Британија во Република Северна Македонија предводена од заменик амбасадорот Даниел Фајлер, денеска ја посети општина Струмица.
На средбата со заменик градоначалничката Елена Маѓеровска Паликарова и секретарот Александар Оџаков разговараа на повеќе актуелни теми од функционирањето на Општината и предизвиците со коишто таа се соочува и сама ги надминува поради игнорантскиот однос на Владата кон Струмица и нејзините граѓани.
Заменик амбасадорот Фајлер беше пријатно изненаден што Струмица има јавен електричен превоз, а ги пофали и заложбите на градоначалникот Костадин Костадинов што во фокусот на локалните политики е заштитата на животната средина.
На средбата се разговараше и за функционирањето и капацитетот на Територијалната професионална противпожарна единица и за соработката преку Операцијата Флоријан на Обединетото кралство.
Делегацијата на амбасадата на Велика Британија во Македонија ја посети и Противпожарната единица на Струмица и се запозна со нејзините потенцијали и потреби.