Во ООУ „Кирил и Методиј“ во Дабиле денеска беше реализирана вежба за евакуација во случај на пожар во соработка со ТППЕ Струмица.
Покрај показната вежба од страна на пожарникарите, учениците беа запознати и со основните мерки коишто треба да ги преземат за да се заштитат во случај на пожар.
Ваква вежба за евакуација утре ќе биде спроведена во ООУ „Сандо Масев“ и „Видое Подгорец“ во Струмица, а во наредниот период вежби ќе бидат спроведени и во останатите општински основни и средни училишта.




