Вечерва градоначалникот Костадин Костадинов присуствуваше во струмичката Градска галерија, на промоцијата на новиот двоброј на списанието „Зенит“, на Друштвото за наука, литература, култура и уметност „Иван Василевски“ од Струмица, а во рамките на Програмата на Општина Струмица за одбележување на 11. Декември, Денот на заштитниците на нашиот град – Св. Петнаесет тивериополски свештенемаченици.
Градоначалникот Костадинов имаше и свое обраќање на промоцијата, во кое изрази позитивни импресии од списанието „Зенит“, честитајќи им на уредниците и членовите на Друштвото „Иван Василевски“ за новиот двоброј (6-7) кој е посветен на Блаже Конески, по повод 100 – годишнината од неговото раѓање. Притоа градоначалникот истакна дека Општина Струмица и во иднина ќе го помага излегувањето на „Зенит“.