Вечерва се одржа 10-та Интернационална манифестација Ден на јога во општина Струмица

Вечерва се одржа 10-та Интернационална манифестација Ден на јога во општина Струмица
Во спортската сала на СОУ „Димитар Влахов“ вечерва се одржа 10-та Интернационална манифестација Ден на јога во општина Струмица во организација на Амбасадата на Индија и Здружението „Јога Сурја Сонце“.
Поддржувајќи ја манифестацијата, од името на градоначалникот Костадин Костадинов и општина Струмица, присутните ги поздрави Танкица Митрева, член на Советот на општина Струмица.
-Јогата како физичка, ментална и духовна пракса која потекнува од Индија и го симболизира соединувањето на телото и умот е несомнено една од најголемите цивилизациски достигнувања којашто се практикува во најразлични форми ширум светот и продолжува да расте во популарност.
Посебно радува фактот што таа во последните години станува се помасовна и во нашата Општина и тоа благодарение на господинот Даов. Се практикува од сите возрасни категории, а посебно радува фактот што таа е се поприфатена и од најмладата популација.
Како Општина која се грижи за психофизичкото здравје на децата, минатата година со буџетски средства од Програмата Г1 му овозможивме на Здружението „Јога Сурја Сонце“ да одржи бесплатни јога часови за ученици од основното и средното образование и секако дека соработката ќе ја продолжиме и понатаму, порача Танкица Митрева.