Почитувани граѓани,
Со особена чест Ве покануваме на Првата форумска сесија која е во реализација на програмата Форуми во заедницата – Буџетски форум во Општина Струмица 2024/2025 година.
Првата форумска сесија ќе се одржи на ден 16.10.2024 година (среда) во 17:00 часот
Место на одржување на форумските сесии е во просториите на Младинскиот центар во општинската зграда.
Целта на форумите во заедницата е да се зголеми учеството на граѓаните во процесот на креирање и реализација на Буџетот на општината и зголемување на транспаретноста на општината.
На првата форумска сесија ќе имате можност да се запознаете со процесот на буџетирање, структура на Буџетот на општина Струмица, буџетски календар и планираните приоритети за развој за 2025 година и да учествувате во избор на приоритетна програма/проекти за реализација од Буџетот на општина Струмица за 2025 година.
Присуството, активно учество и Вашиот придонес е од особено значење за успешно спроведување и реализација на Форумот во заедицата – Буџетски форум во Општина Струмица 2024/2025 година, со што ќе ја потврдиме транспарентноста и партиципативноста на граѓаните во креирањето и реализацијата на општинскиот Буџет.