На денешната осма седница на Советот на општина Струмица беше усвоена Предлог – одлуката за спроведување на проектот „Мрежа на велосипедски градови“ којашто беше и единствената точка на дневниот ред.
Се работи за прекуграничен проект помеѓу Општина Струмица и Општина Серес од Грција кој е финансиран од Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Грција 2014-2020.
Вкупниот буџет за општина Струмица изнесува 184.185,00 евра, од кои 85% ќе бидат финансирани од фондовите на Европската Унија, додека останатите 15% ќе бидат финансирани од Владата на Република Северна Македонија.
Проектот има за цел создавање на рекреативна велосипедска инфраструктура во градот и ги содржи следните активности:
-Вело Зона Градски парк Струмица – изградба на велосипедска адреналинска патека („Pump track“ патека)
-Вело Полигон за деца – Градски парк Струмица
-Уредување на планински велосипедски патеки на месноста Чам Чифлик
-Поставување на Станици за поправка на велосипеди во Градски парк
-Подготовка на мастер-план за идни проекти на општина Струмица од областа на велосипедизмот, велосипедската инфраструктура и безбедноста во сообраќајот
-Активности за прекугранична соработка помеѓу проектните партнери
Овој проект треба да се реализира за 18 месеци.