Денес во Младинскиот Центар во Струмица се реализираше работилница на тема дигитализација, во чии рамки раководителите на општинските одделенија и директно засегнатите службеници ја дискутираа нацрт стратегијата за целосна дигитализација на општина Струмица.
Во рамки на стратешкиот пристап за развој на општина Струмица опфатен е проект за дигитализација на услугите од општината согласно потребите на струмичани. Според првично дефинираните цели, стратегијата опфаќа:
-Подобрување на животните стандарди;
-Подобрување на општинското работење;
-Негување на колаборативно управување;
-Поттикнување на економски развој;
-Промовирање на заштита на животната средина;
-Надградба на дигиталната инфраструктура.
Во следниот краткорочен период, планирани се серија активности за адаптација на стратегијата, како и јавна дебата, по што Струмица ќе биде првата македонска општина со стратешки план за целосна дигитализација на јавните сервиси, сѐ во корист и за поедноставување на секојдневното функционирање на граѓаните.
Со овој чекор, кој го започнавме пред повеќе од една година даваме придонес и кон Националната Стратегија за Дигитално Општество.