Градоначалникот Костадинов во посета на  Центарот за поддршка на образованието на учениците со попреченост

Градоначалникот Костадинов во посета на  Центарот за поддршка на образованието на учениците со попреченост

Градоначалникот Костадин Костадинов, денеска, беше во работна посета на Центарот за поддршка на образованието на учениците со попреченост при ООУ „Сандо Масев“ во кое пред 14 години започна образовниот процес на ученици со аутизам во посебните паралелки.

Со новиот Закон за основно образование им се овозможува на сите ученици со попреченост да следат настава во редовните училишта и со тоа посебните паралелки за образование на ученици со попреченост се трансформираа во Центар за поддршка на образованието на учениците со попреченост при ООУ „Сандо Масев“.  Во редовната настава во основните училишта во општина Струмица се вклучени околу 50 ученици со попреченост. Градоначалникот Костадинов и вработените во Центарот разговараа за промените кои што се направени, новите улоги и понатамошно зголемување на компентенциите и ресурсите за работа  на Центарот за поддршка,  којшто ќе има можност да ги опфаќа сите деца со попреченост, а засадија и дрвца, како заеднички влог во разубавувањето и заштитата на животната средина.