На иницијатива на градоначалникот Костадин Костадинов, а со едногласна одлука од членовите на Советот на општина Струмица, сите вработени во Територијалната професионална противпожарна единица Струмица добија бесплатно користење на паркинг просторите на подрачјето на Зоните А и Б за нивните семејни возила.
„Храбри, одговорни и пожртвувани професионалци, потврдени во многу домашни и меѓународни спасувачки мисии, тоа се нашите струмички Пожарникари. Тие се чувари на Струмица, на нашите животи и имоти од пожари и други елементарни непогоди и несреќи. Што и да направиме за нив е секогаш малку. И јас како градоначалник и граѓаните на Струмица сме горди што ги имаме и негуваме неизмерна почит и благодарност кон сите нив,
Струмичките пожарникари во многу ситуации покажале натчовечки напори за справување со огнените стихии во општината и поширокиот регион, а дел од нив беа вклучени и во мисијата за спасување на настраданите во катастрофалниот земјотрес во Турција.