Градоначалникот Костадинов го отвори 53-от Државен тракторски натпревар на средните стручни земјоделски училишта од Македонија

Градоначалникот Костадинов го отвори  53-от Државен тракторски натпревар на средните стручни земјоделски училишта од Македонија

Градоначалникот Костадин Костадинов денеска го отвори 53-от Државен тракторски натпревар на средните стручни земјоделски училишта од Македонија на кој домаќин беше СОУ „Димитар Влахов“ од Струмица.

-Убаво е кога на едно место се собрани толку млади луѓе коишто со помош на нивните професори – ментори преку натпревар ќе ги презентираат стекнатото знаење и вештини, ќе покажат и докажат колку знаат и зошто ја заслужуваат нашата поддршка. А учениците се моја и гордост на општина Струмица, тие го заслужуваат најдоброто од нас и секогаш ќе го имаат. Драги ученици учесници во натпреварот, со нетрпение очекуваме да ве видиме во презентирањето на вашите вештини во дисциплините вешто возење во машка и женска категорија, заштита на растенија, размножување на растенија, одгледување на растенија по пат на органско производство и техники по ветеринарна медицина. Интересни и корисни дисциплини кои имаат широки можности за докажување на  стекнатите знаења, умеења и вештини, откривање на нови таленти, јакнење на натпреварувачкиот дух и желбата за победа.  Но и дисциплини коишто ќе бидат корисни во вашата професија со која ќе се занимавате по завршувањето на образованието. На земјоделството како важна гранка и стратешки интерес и на општината и државата, му се  потребни млади образовани луѓе подготвени за изучување и користење на современи техники и технологии за квалитетно производство барано на домашниот и странските пазари, рече меѓу другото градоначалникот Костадинов.