Градоначалникот Костадин Костадинов денеска во Париз го доби престижното признание Личност на годината за 2024 на Југоисточна Европа, за посебни заслуги во трансформацијата на градови и добро менаџирање.
Одлуката за ова високо признание ја донесе Одборот на фестивалот на Југоисточна Европа што се одржува во Париз, Рим и Вашингтон и е препознатлив прозорец на културата на Југоисточна Европа во светот, а кое ќе ја пренесе славата на Струмица на сите меридијани.
Градоначалникот Костадинов од Париз ја испрати следната порака:
„Да се биде меѓу најдобрите е за мене голема чест и признание, но и огромна обврска да продолжам да ја задржам оваа динамика. Моето ветување дека Струмица ќе биде меѓународно афирмирана и признаена, е реализирано. Продолжувам со истата ревност, во име на мојата Струмица и од срце“.