Градоначалникот Костадин Костадинов денеска оствари средба со амбасадорот на Франција во нашата држава, Н.Е Кристоф Ле Риголер.
На средбата разговараа на повеќе актуелни состојби во општината и државата, а акцентот беше ставен на функционирањето на општина Струмица, предизвиците со коишто таа се соочува и како ги надминува, нејзините препознатливи заложби и визионерски политики како што е јавниот електричен превоз и урбаната мобилност, игнорантскиот однос на централната власт кон Струмица и нејзините граѓаните кој се отсликува преку незавршени и неподдржани проекти без објаснување.
Градоначалникот Костадинов на амбасадорот Кристоф Ле Риголер му ја потврди европската визија и силната желба за интеграција во европското семејство, а двајцата ги поздравија пријателските односи и желбата за продлабочување на соработката.