Градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов, денеска одржа работна средба со директорите на општинските основни и средни училишта. На директорите им беше пренесена пораката дека само со добрата организација и поставеност на сите структури во училиштата, може да се обезбедат максимално искористување на ученичките потенцијали, професионален развој на вработените, квалитет во наставата, добра училишна клима и култура, соработка со родителите и локалната заедница, медиумите и невладините организации.
Беа разгледани поголем број на досегашни завршени и идни планирани инфрастуктурни проекти за подобрување на просторните и материјално-техничките услови за работа во училиштата, а особено внимание беше посветено на подрачјата на промени и приоритети, кои училиштата ги зацртале во нивните годишни програми за оваа учебна година во однос на организацијата и реализацијата на наставата и учењето, постигањата на учениците и управувањето и раководењето со училиштата.