Градоначалникот Костадин Костадинов, денеска, присуствуваше на одбележувањето на патрониот празник на средното општинско училиште „Димитар Влахов“ и положи свежо цвеќе пред спомен бистата на овој народен херој.
Вклучувајќи се во одбележувањето на празникот, градоначалникот Костадинов ја потврди својата поддршка за успешно спроведување на воспитно – образовниот процес во училиштето и создавањето квалитетни стручни кадри барани на пазарот на трудот.