Градоначалникот Костадинов со поддршка за младите во симулациската игра „Локална самоуправа“ во Советот на Струмица

Градоначалникот Костадинов со поддршка за младите во симулациската игра „Локална самоуправа“ во Советот на Струмица
Градоначалникот Костадин Костадинов денеска со своето учество во симулацијата на Советот на општина Струмица Планска игра „Локална самоуправа“ којашто се одржа во организација на Фондацијата Фридрих Еберт уште еднаш ја потврди неговата поддршка на младите од Струмица.
На едукативната средба којашто се одржа во просториите на Советот на општина Струмица разговараа за работата и надлежноста на локалната самоуправа, на актуелни теми од општинското функционирање и секако теми кои се во интерес на младите.
Потенцирајќи дека тие се сериозен партнер во развојот на Струмица, градоначалникот Костадинов рече дека тој и општина Струмица се секогаш отворени за младите, за нивните иницијативи, предлози и идеи се со цел Струмица да стане посакувано место за нивната иднина.
Планската игра „Локална самоуправа“ е проект кој Фондацијата Фридрих Еберт во Германија го развива и успешно го применува уште од 1998 година, а целта е младите да се стават во улога на советници и носители на одлуки.