Градоначалникот Коста Јаневски денеска одржа прес конференција на која што ги презентираше мерките за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух за преземање мерки согласно општинските надлежности и можности. Исто така, тој упати апел до граѓаните и тие активно да се вклучат во подобрувањето на квалитетот на амбиенталниот воздух, а тоа значи во грејните тела во домаќинствата да не се ставаат било какви материи кои го згадуваат воздухот, како што тоа беше случај минатата година.
Click here to change this text