Градоначалникот Петар Јанков и општинската администрација во неделава што изминува ги имаа најпосакуваните и најмилите гости – учениците од четврто одделение од основните општински училишта во Струмица, „Сандо Масев“, „Видое Подгорец“, „Маршал Тито“ и „Никола Вапцаров“.
Целта на посетата и средбата со градоначалникот Јанков, беше проверка на стекнатото знаење по предметот Општество во делот на функционирањето на градоначалникот и општинската администрација.
Градоначалникот Петар Јанков им посвети максимално внимание, одговарајќи на нивните прашања, но и најавувајќи ги неговите приоритети во нивните училишта со цел да им обезбеди квалитетни услови за изведување на воспитно – образовниот процес, бидејќи како што рече, тие се иднината на нашата Општина.



