Градоначалникот Јаневски им ја честиташе новата учебна година на учениците од основните и средните училишта

Градоначалникот Јаневски им ја честиташе новата учебна година на учениците од основните и средните училишта

На првиот ден од новата учебна година, градоначалникот Коста Јаневски со соработниците го посети ООУ „Маршал Тито“ од Струмица. Во изјавата, тој истакна дека, денеска, во сите основни и средни училишта во општина Струмица, наставата започна успешно, на задоволство на сите ученици и наставници.

Апелирам до учениците и наставниците да се придржуваат кон пропишаните протоколи во услови на пандемија од Ковид-19, за да може да се зачува здравјето на сите ученици и на наставниот кадар, за непречено и успешно спроведување на воспитно-образовниот процес. На сите ученици од основното и средното образование од нашата општина им го честитам почетокот на новата 2021/2022 година и им посакувам успех во учењето. Тоа особено се однесува на 650-те првачиња и 660 – те ученици од прва година во трите средни училишта. Нека им е со среќа, рече градоначалникот Јаневски.