Градоначалникот Јанков денеска беше домаќин на министерот Перински

Градоначалникот Јанков денеска беше домаќин на министерот Перински

Министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска беше во работна посета на општина Струмица во рамките на караванот „Каде што срцето е дома“.

Посетата започна во кабинетот на градоначалникот Петар Јанков каде што разговараа на актуелни теми од работата на локалната самоуправа и новите предизвици со кои се соочува општина Струмица. Градоначалникот Јанков информираше  за тековните и идните развојни проекти на општината, а министерот Перински за клучните активности на Министерството, како и за можностите за поддршка со цел унапредување на квалитетот на живот на граѓаните.

Во однос на распределбата на средствата за проекти како што нагласи и министерот, оваа Влада се води исклучиво врз основа на реалните потреби на граѓаните, а не врз политичка припадност на градоначалникот, па така преку потпрограмата АА за инфраструктурни проекти во општините, Струмица доби 12 проекти во вкупна вредност од 335.482.797 денари.

Градоначалникот Јанков и министерот Перински имаа средба и со претседателот и членовите на Советот на општина Струмица пред кои беше претставен Прирачникот „Патоказ за ефикасно локално управување“, а кој им помага на градоначалниците, советниците и општинската админстрација полесно и поефикасно да ги водат клучните процеси во општините.