Градоначалнико Јанков одржа средба со германската амбасадорка Дрекслер

Градоначалнико Јанков одржа средба со германската амбасадорка Дрекслер
Денес, во посета на Општина Струмица беше амбасадорката на Сојузна Република Германија во Македонија, Н.Е Петра Дрекслер. Амбасадорката одржа средба со градоначалникот Петар Јанков на која се разговараше за работата на локалната самоуправа и за активностите што општината ги спроведува за јакнење на капацитетите на службите и унапредување на квалитетот на живот на граѓаните.
Градоначалникот Јанков ја истакна посветеноста на општината за натамошна соработка и размена на искуства, особено во делот на современите практики во локалното управување, поддршката на развојните проекти и креирањето нови можности за одржлив економски и општествен развој.
Дополнително се разговараше и за можностите за продлабочување на соработката во економијата, трговијата, инвестициите и во други области што ќе придонесат за зајакнување на пријателските односи меѓу двете држави.
Ваквите средби се значаен чекор за градење посилни партнерства и отворање нови перспективи за Општина Струмица и нејзините граѓани.