Како дел од меѓународната соработка на општина Струмица, на покана на Европратеникот и известувач за напредокот на Република Северна Македонија во Европската Унија, г-дин Илхан Ќучук, од денес, делегација од општина Струмица предводена од Градоначалникот Костадин Костадинов е во работна посета на Европскиот Парламент во Брисел. Во рамки на посетата, делегацијата составена од Градоначалникот Костадинов, г-дин Александар Оџаков, Секретар на општина Струмица, г-дин Марјан Даскаловски, Претседател на Советот на општина Струмица и г-дин Александар Ненчев, Советник во општина Струмица, ќе реализација серија средби со претставници на Република Бугарија и на Мисијата на Република Северна Македонија при Европскиот Парламент. Преку реализацијата на посети и средби од ваков тип, општина Струмица продолжува да работи во насока на развој на односите со меѓународната заедница и идентификација на потенцијалите за соработка за прашања од заеднички интерес од различни сфери