Градоначалникот Костадин Костадинов, претседателот на Советот на општина Струмица Марјан Даскаловски и членови на истиот, се вклучија во денешната акција на засадување дрвца во малиот парк на Телеком.
Засадувањето на дрвцата го организираше Царинската управа на Република Северна Македонија, а во рамките на одбележувањето на јубилејот – 30 години од основањето како независна служба.
Градоначалникот Костадинов потенцираше дека и како градоначалник и и како општина редовно ги поддржуваат сите акции кои водат кон постигнување на целта, Струмица – зелен град.