Општина Струмица денеска го почна одбележувањето на Денот на заштитниците „Свети петнаесет тивериополски свештеномаченици“. Во библиотеката „Благој Мучето“ беа доделени наградите од конкурсот за литературни творби посветени на градот.
Во категоријата на основни училишта единствената награда ја доби Христијан Вртев, ученик во седмо одеделение во ООУ „Видое Подгорец“ од Струмица.
Во категоријата на средни училишта првата награда ја доби Светлана Иванова, втората Верица Апостолова и третата награда му припадна на Панче Ангелов, сите ученици во СОУ „Јане Сандански“ од Струмица..
Во категоријата на возрасни творци првата награда ја доби Емилија Карафилоска од Охрид, втората Марија Симоновска од Прилеп и третата награда ја доби Славица Андреева од Струмица.