Едукација на наставниот кадар и учениците од основните училишта за селекција на отпад и зачувување на постоечката опрема за отпад на територијата на општина Струмица

Едукација на наставниот кадар и учениците од основните училишта за селекција на отпад и зачувување на постоечката опрема за отпад на територијата на општина Струмица

Во рамките на проектот „Обука на учениците и наставниот кадар од основните училишта за правилно селектирање на отпад и чување на постоечката опрема за селектирање во училиштата“ кој е финансиран преку буџетот на општина Струмица и Програмата за заштита на животната средина на територија на општина Струмица, беше извршена едукација под менторство (консултант/едукатор) Митко Шопов.

Активностите за извршување на проектот на Општина Струмица се имплементираа на почетокот на учебната 2024 година.

Овој проект е инициран од граѓаните за почиста и здрава животна средина како и намалување на неселектираниот отпад.

Едукацијата се спроведе во сите основни училишта на територијата на општина Струмица, а во рамките на овој проект беа одржани предавања во сите основни училишта за учениците од 2 до 9 одделение.

  • Во прилог на линкот е – Прирачник за образование за селектрирање на Отпадот во основните училишта ЛИНК