Ефикасноста на Систем 48 во Струмица: Транспарентност и решавање на проблемите на граѓаните

Ефикасноста на Систем 48 во Струмица: Транспарентност и решавање на проблемите на граѓаните
Почитувањето на принципот на транспарентност, значи обезбедување доволно податоци за граѓаните на општина Струмица, за директно и непосредно следење на работата и кавлитетот на секој сектор и служба на Општината.
Следејќи го овој принцип „СИСТЕМ 48“ како јавно достапен сервис за сите граѓани на општина Струмица, а кој успешно функционира веќе 14 години, ја отсликува работата на поголем дел од општинските служби коишто проблемите пријавени од граѓаните ги решаваат во најкраток можен рок.
Во периодот јануари – декември 2025 година во „СИСТЕМ 48“ биле доставени вкупно 1.153 пријави, од кои решени и одговорени се 1.046 пријави. Останатите 107 се проследени до надлежните служби и се пријави во процес на решавање, бидејќи за истите е потребно повеќе време од вообичаеното 48 часа.
Најголем број од доставените пријави се од областа на улично осветлување 777, од областа на собирање смет 241, водовод и канализација 74, паркови и зеленило 70, улици, патишта и тротоари 19 и општински инспекциски служби 12.
Од „СИСТЕМ 48“ им благодарат на граѓаните за користењето на нивните услуги и остануваат во нивна служба за решавање на проблемите преку пријавување на бесплатните телефонски броеви 080014848 и 076/484-848.