Со жителите на населените места Куклиш, Градско Балдовци и Просениково, завршија Јавните собири кои што на иницијатива на градоначалникот Коста Јаневски се одржаа пред креирањето на буџетот на општина Струмица за 2020 година. Градоначалникот Јаневски и неговите соработници одржаа собири со граѓаните од сите 8 урбани заедници и населените места Вељуса, Водоча, Баница, Дабиле, Муртино, Сачево, Габрово, Банско, Свидовица, Рич, Попчево, Костурино, Раборци, Добрејци, Куклиш, Градско Балдовци и Просениково.
На собирите се разговараше за потребите на граѓаните и заедно се утврдуваа приоритетите за наредната буџетска година. Општина Струмица повеќе години наназад ги одржува Јавните собири граѓаните со цел заедничко креирање на буџетот на Општината и подобрување на условите за живот.