Заврши едукацијата на наставниот кадар и учениците од средните училишта за селекција на отпад и зачувување на постоечката опрема за отпад

Заврши едукацијата на наставниот кадар и учениците од средните училишта за селекција на отпад и зачувување на постоечката опрема за отпад

Во рамките на проектот ,,Обука на учениците и наставниот кадар од средните училишта за правилно селектирање на отпад и чување на постоечката опрема за селектирање во училиштата” кој е финансиран преку буџетот на општина Струмица и Програмата за заштита на животната средина на територија на општина Струмица, беше извршена едукација под менторство на Митко Шопов.

Активностите за извршување на проектот на општина Струмица се имплементираа во текот на учебната 2025 година.
Овој проект е инициран од граѓаните за по чиста и здрава животна средина, како и намалување на неселектираниот отпад.

Едукацијата се спроведе со учениците и наставниот кадар од средните училишта на територијата на општина Струмица.