Заврши реализацијата на проектот „Пренамена и адаптација на деловен простор во Уметничка галерија“. Пренамената се изврши на просторот под градскиот плоштад, изграден како дел од градската скривница, кој порано се користеше за регистрација на бракови, а потоа имаше и други намени. Со тоа градот доби уште едно прекрасно место за сите љубители на уметноста и културата.
Вкупната корисна површина на пренаменетиот простор изнесува 319 метри квадратни, а има изложбен простор, депо за слики, дневно депо, канцеларија, бифе и простор за седење, санитарни јазли, а ќе биде и место и каде што ќе може да се организираат приеми, промоции и слични настани. Вкупната вредност на проектот е 7.436.138 денари, средства обезбедени од општина Струмица и Министерството за култура.Паралелно со овој проект се реализира и изградбата на настрешница на влезот во Уметничката галерија, но таа се уште е во тек и се очекува да заврши во текот на месец март оваа година кога и официјално галеријата ќе биде пуштена во работа.