Записник за текот на постапката за селекција на кандидати за членови на Надзорен Одбор на ЈСП ,,Струмица Транспорт,, Струмица

На ден 18.12.2023 година, согласно член 7 став 2 од Правилникот за формата и содржината на Јавниот повик, начинот на поднесување на пријавата, образците за пријавување, начинот на бодување и селекција на кандидатите и други прашања во врска со спроведувањето на постапката за именување и разрешување на членови на управен, односно надзорен одбор на јавните претпријатија (Службен Весник на РСМ бр.283/2022), Комисијата за селекција оддржа состанок на кој се изврши утврдување на податоците на сите кандидати кои се пријавиле на Јавниот повик за членови на Надзорен Одбор на ЈСП ,,Струмица Транспорт,, Струмица Струмица, кои учествувале во постапката на селекција по фази, попис на документацијата која ја приложиле и бодовите кои кандидатите ги освоиле во секоја од фазите на постапката на селекција.
До Архива на општина Струмица, за членови на Надзорен Одбор на ЈСП ,,Струмица Транспорт,, Струмица, се доставени вкупно 4 пријави и тоа:

1. Бојан Данчев, за член на надзорен одбор од областа на правните работи, со следната приложена документација:
Образец за пријавување на Јавен повик за именување на членови на Управен/Надзорен одбор на јавно претпријатие;
Уверение за државјанство;
Диплома – 300 ЕКТС правни науки,
Потврда дека со правосилна судска пресуда не му изречена казна или прекршочна забрана за вршење на професија, дејност или должност;
Историјат за вработување од Агенција за вработување на Република Северена Македонија со евидентиран стаж;
Изјава заверена на нотар дека кандидатот под целосна материјална, морална и кривична одговорност потврдува за точноста и веродостојноста на наведените податоци во пријавата и за поднесената документација;
Кратка биографија;
Писмо за интерес/мотивација;
Уверение за положен правосуден испит.
Во Фаза 1 – администаративна селекција кандидатот Бојан Данчев освои 21 бодови, а во Фаза 2- интервју освои 40 бодови, или вкупно 61 бод.

2. Александар Муканов – кандидат за член со работно искуство од областа на финансиското работење со следната приложена документација:
Образец за пријавување на Јавен повик за именување на членови на Управен/Надзорен одбор на јавно претпријатие;
Уверение за државјанство;
Диплома за завршено високо образование и стекнати 300 кредити според ЕКТС;
Потврда дека со правосилна судска пресуда не му изречена казна или прекршочна забрана за вршење на професија, дејност или должност;
Историјат за вработување од Агенција за вработување на Република Северена Македонија со евидентиран стаж;
Изјава заверена на нотар дека кандидатот под целосна материјална, морална и кривична одговорност потврдува за точноста и веродостојноста на наведените податоци во пријавата и за поднесената документација;
Кратка биографија;
Писмо за интерес/мотивација;
Сертификат од Здружение на финансиски работници;
Сертификат од Здружение на финансиски работници.
Во Фаза 1 – администаративна селекција кандидатот Александар Муканов освои 22 бодови, а во Фаза 2- интервју освои 40 бодови, или вкупно 62 бода.

3. Димитар Костуранов – за член на надзорен одбор од областа на техничките науки, со следаната приложена документација:

Образец за пријавување на Јавен повик за именување на членови на Управен/Надзорен одбор на јавно претпријатие;
Уверение за државјанство;
Диплома за завршено високо образование и завршен степен на високо образование.
Потврда дека со правосилна судска пресуда не му изречена казна или прекршочна забрана за вршење на професија, дејност или должност;
Историјат за вработување од Агенција за вработување на Република Северена Македонија со евидентиран стаж;
Изјава заверена на нотар дека кандидатот под целосна материјална, морална и кривична одговорност потврдува за точноста и веродостојноста на наведените податоци во пријавата и за поднесената документација;
Кратка биографија;
Писмо за интерес/мотивација;
Овластување Б за инженер за изведба од градежништво.
Овластување Б за надзорен инженер од градежништво,
Овластување Б за изработка на проектна документација од градежништво.
Во Фаза 1 – администаративна селекција кандидатот Димитар Костуранов освои 43 бодови, а во Фаза 2- интервју освои 40 бодови, или вкупно 83 бода.
Комисијата констатираше дека кандидатот Пројков Борис не ги исполнува условите, бидејќи согласно Листингот од Агенција за вработување на РСМ, истиот го нема потребното искуство од обласна на финансиските работи.

 

Датум: Комисија за селекција:
18.12.2023 год.
1. Катерина Андонова – зам. претседател

2. Илија Тилев – зам.член

3. Идриз Идризов – зам.член