Градоначалникот Костадин Костадинов и општина Струмица продолжуваат со транспарентното и отворено креирање на буџетот за 2024 година во кое се вклучени граѓаните.
По првата форумска сесија на Буџетскиот форум започнаа Јавните собири со граѓаните од градот и населените места.
Во Младинскиот центар синоќа се одржаа собири со граѓаните од сите осум урбани заедници во градот.
Вечерва јавни собири ќе се одржат во населените места Вељуса, Водоча и Баница, а на 09.11.2023 (четврток) продолжуваат во Сачево, Дабиле и Градско Балдовци.