Градоначалникот Костадин Костадинов со соработниците и членови на Советот, денеска извршија увид во започнатата реконструкција на основното музичко училиште „Боро Џони“ во придружба на директорката Клара Патарова и вработени и ученици од училиштето.
Ова е прва реконструкција на училиштето од кога е изградено во 1991 година. Тогаш имало 13 вработени и 120 ученици, сега има 24 вработени и 300 ученици и нормално просторот што беше на располагање, не беше доволен за нормално функционирање на училиштето, особено во последните 10 години тој стануваше сериозен проблем.Овој проект се реализира преку Министерството за образование и чини 11.800.000 денари. Реконструкцијата значи уште еден нов кат со нови кабинети, канцеларии и помошни простории, нов покрив и нова термо фасада на целиот објект.