Со одржувањето на првата форумска сесија во големата сала на Домот на АРМ, општина Струмица започна со реализација на Буџетскиот форум на кој граѓаните и градоначалникот Коста Јаневски заедно го креираат буџетот за 2020 година.
На планираните пет форумски сесии кои што ќе се одржат во текот на овој и идниот месец, граѓаните ќе имаат можност да даваат свои предлози за проекти и ќе утврдуваат приоритети кои ќе го подобрат квалитетот на живот во Општината. Втората форумска сесија ќе се одржи на 17 октомври.