ЈАВЕН ПОВИК
За реализација на поединечни програмските активности дефинирани во годишната Програма за активностите на Општина Струмица во областа на еднаквите можности на мажите и жените за 2024 година
Предмет на јавниот повик
Планираните/предвидените финансиските средства за имплементација на поединечни програмски активности се во вкупна вредност од 1.000.000,00 денара и истите ќе се доделуваат како финансиска поддршка на Здруженија на граѓани и Фондации од општина Струмица за реализација на поединечни програмските активности дефинирани во Програмата за активностите на Општина Струмица во областа на еднаквите можности на мажите и жените за 2024 година , односно проектни активности соодветни на областа на која делуваат.
Реализацијата на дефинираните активностите во Програмата за активностите на општина Струмица во областа на еднаквите можности на жените и мажите, мора да биде поединечна имплементација само на една од дефинираните активности во јавниот повик.
Програмата за активностите на Еднакви можности на мажите и жените за 2024 година ги предвидува следните приоритетни области во локалната заедница на коие се насочуваат активностите и интензивира работата за 2024 година за воведување еднакви можности на жените и мажите:
1.Подобрување на економската положба на жената
2.Интеграција на еднакви можности во образование, спорт и култура
3.Еднаков пристап до социјални и здравствени услуги
4.Екологија и климатски промени
5.Учество на жените во донесување одлуки
Во рамките на приоритетните области, претходно дефинирани од страна на релевантни чинители кои работат на унапредување на еднаквите можности на жените и мажите, во тековната 2024 година предвидени се следните поединечни активности:
1.Изработка на Акциски план со дефинирани активности кои ќе се реализираат со цел подигање на свеста за женско претприемништво и имплементација на истите
✓Времетраење за реализација….4месеци
✓Место на реализација ……Општина Струмица
✓Потребен буџет …..300.000,00денари
2.Дигитализација на земјоделство кај рурални жени – спроведување на истражување за нивото на дигиталната писменост кај руралните жени во три населени места, имплементирање на обуки за користење на дигитални услуги за потребите на земјоделките и набавка на компјутерска опрема за поддршка на жени земјоделки за користење на платформа и е-услуги
✓Времетраење за реализација….4месеци
✓Место на реализација ……Регионален центар во Струмица, на терен
✓Потребен буџет …..200.000,00денари
3.Охрабрување на девојчињата за усовршување на техники на спортско качување – алпинизам
✓Времетраење за реализација….4месеци
✓Место на реализација ……Вештачки карпи адаптирани за алпинизам
✓Потребен буџет …..100.000,00денари
4.Подигање на свеста за водење грижа за сексуално и репродуктивно здравје – подигање на свеста кај најмладата популација преку работилници, трибини за едукација на сексуално и репродуктивно здравје и обезбедување на хигиенски влошки во основните училишта
✓Времетраење за реализација….4месеци
✓Место на реализација ……основни училишта во општина Струмица
✓Потребен буџет …..100.000,00денари
5.Одбележување на 16 дена активизам против спречување на секаков вид насилство – организирање на настани со цел подигање на свеста за борба против семејно и секаков вид насилство
✓Времетраење за реализација….4месеци
✓Место на реализација ……Општина Струмица
✓Потребен буџет …..100.000,00денари
6.Подигање на јавна свест на жени ромки за услуги кои ги нуди Општина Струмица за семејно насилство – организирање на работилници, собири, трибини со цел подигање на свеста на жената ромка
✓Времетраење за реализација….4месеци
✓Место на реализација ……Општина Струмица
✓Потребен буџет …..100.000,00денари
7.Мобилизација на жени од локалните заедници за учество и влијание во процесите на буџетирање и одлучување – вклучување на жени од месните и урбаните заедници при давање на предлози, идеи и активности во креирање на буџетот на Општина Струмица и идентификување на нивните потреби и приоритети
✓Времетраење за реализација….4месеци
✓Место на реализација ……урбани и месни заедници во општина Струмица
✓Потребен буџет …..100.000,00денари
Финансиските средства планирани за таа намена ќе се распределуваат согласно Усвоената од Советот на Општина Струмица, ЛОД Методологија!
Право на учество
Како субјекти кои можат да конкурираат со свои проекти се определуваат Здруженијата на граѓани и Фондации, со седиште во Општина Струмица, како матична општина каде физички ќе се реализираат проектите.
Вредност на проектите кои ќе се финансираат
Согласно ЛОД Методологијата за транспарентна распределба на финансиските средства за проекти од граѓанските организации, усвоена од Советот на општина Струмица, износите кои ќе се доделуваат ќе бидат согласно веќе дефинираните поединечни проектни активности од Програмата за активностите на општина Струмица во областа на еднакви можности на мажите и жените за 2024 година.
Подобност на подносител на проект (апликант)
- Основни критериуми кои треба да ги исполнуват Здруженијата и Фондациите кои учествуваат на овој повик се:
– Здруженијата и фондациите кои се јавуваат на јавниот повик да се регистрирани согласно Законот за здруженијата и фондации на Република Северна Македонија;
– Здруженијата и фондациите кои се јавуваат на јавниот повик да се регистрирани на територија на Општина Струмица;
– Остварување на програмите и дејствувањето на Здруженијата и фондациите кои се јавуват на јавниот повик да се во рамките на Уставот и Законите на Република Северна Македонија,
– Програмите со кои Здруженијата и фондациите се јавуваат на јавниот повик да се имплемeнтираат/реализират единствено на територија на Општина Струмица;
- Посебни критериуми кои треба да ги исполнуват Здруженијата и Фондациите кои учествуваат на овој повик се:
– Предлог проектите/проектните активности да бидат изработени и доставени на начин даден во упатството со насоките и обрасците (формуларите) составен дел на јавниот повик;
– Доделените средства да се користат исклучително за намената за која ќе бидат доделени и на начин определен во Упатството, односно согласно основните документи (Апликативниот образец/Пријавата, Планот на активностите/видливост-промовирање на проектот и Образецот за Буџет на проектот), составни делови на апликацијата;
– Во апликативните докумети (Апликативниот образец/пријавата и Буџетот на проектот) задолжително е прикажување на кофинансирање (сопствено учество) од страна на апликантот во износ од најмалку 10% од побараната општинска поддршка;
– Здруженијата и фондациите кои се јавуваат на Јавниот повик како апликанти може да настапуваат самостојно или да вклучат и други организации како соработници/партнери исклучиво од Општина Струмица;
Времетраење на реализацијата на проектните активности
Реализацијата на поединечните проектите/проектните активности мора да бидат со времетраење од 4 (четири) месеци.
- Поединечните проектните активности мора да се реализираат во рамките на четири месечен период (согласно планот на активности на проектот) сметано од денот на потпишување на договорот со општината, односно со отстапки по претходно поднесено писмено барање до општината, со образложение за причината.
Потребна документација која Здружението или Фондацијата треба да ги достави кон Пријавата.
Апликантите кои се јавуваат на јавиот повик мора да достават комплетна документација!
Основни документи:
Анекс 1 : Пријава-Апликативен образец
Анекс 2: Преглед на буџет/ Образец за преглед на буџет на проект-проектни активности
Анекс 3: План на активности и видливост/промоција
Анекс 4: Формулар со административни податоци за подносителот
Анекс 5: Формулар со финансиски податоци за подносителот
Анекс 6: Изјава за подобност
Проектите ќе бидат поддржани со средства од Буџетот на Општина Струмица за 2024 година согласно Програмата за активностите на Општина Струмица од областа на еднакви можности .
Напомена!
Во прилог на Јавниот повик, објавен на веб страницата на Општина Струмица (www.strumica.gov.mk) основните документи се достапни и истите може да се превземат во работна верзија! Документите се пополнуваат согласно Упатството исто така достапно како прилог на Јавниот повик. Истите, целосно пополнети, потпишани од страна на Претседателот на здружението, заверени со печат и штембил на организацијата, апликаните во рамките на целокупната документација како поднесок ги доставуваат во два идентични примероци во хартиена форма и еден примерок во електронска форма(CD или USB) до општината.
Задолжителните дополнителни документи:
- Тековна состојба на здружението на граѓани / фондација не постаро од 6(шест) месеци;
- Копија од статутот на здружението на граѓани / фондација (подносителот и партнерите),
- Копија од завршниот годишен финансиски извештај за претходната година/завршна сметка (биланс на успех и биланс на состојба)
- Профил на здружението на граѓани / фондација со листа на реализирани проекти во претходните години,
- Годишна програма на активности за 2024 година;
Начин на достава на Проектната документација
Целокупната документација (основните документи и задолжителните дополнителни документи) во два оригинални примерока во печатена форма и еден во електронска форма на CD или USB спакувани во еден пакет, како поднесок се доставуваат на рака или по пошта во Архива на Општина Струмица, на следнава адреса:
Општина Струмица
Адреса: ул. „Сандо Масев“ бр.1,
2400 Струмица
Крајниот рок за поднесување на апликациите (комплетната документација) е триесет (30)дена, сметан и денот на објавување на јавниот повик!
Напомена:
За да бидат прифатени пријавите, апликантите мора целокупната документација како поднесок да ја достават до општината, лично или по препорачана пошта, во запечатен единечен пакет-плик во работни денови (понеделник до петок), помеѓу 08:00 и 16:00 часот, во рок од 30 (триесет) дена, сметан и денот на објавување на Јавниот повик.
На предната страна на пликот Во горниот лев агол да стои: „Не отварај“, а во долниот десен агол да стои:
Општина Струмица
Одделение за ЛЕР
Адреса: ул. „Сандо Масев“ бр.1,
2400 Струмица
Назнака „ ЈАВЕН ПОВИК За реализација на поединечни програмските активности дефинирани во годишната Програма за активностите на Општина Струмица во областа на еднаквите можности на мажите и жените за 2024 година “.
Пријавите со непотполна документација или пристигнати по истекот на утврдениот рок за аплицирање нема да се разгледуваат. Апликациите кои ќе пристигнат по пошта после утврдениот рок ќе бидат разгледани само доколку на поштенскиот печат стои датум на испраќање кој не е покасно од утврдениот краен рок. Примената документација не се враќа!
Важна информација за сите апликанти составен дел на јавниот повик:
- Градоначалникот на општина Струмица, како дел од целокупната постапка/процедура ќе формира Комисија за разгледување и евалуација на поднесените пријави по Јавниот повик, (ќе именува членови на Комисија за спроведување на Јавен повик) која што врз основа на доставената документација за исполнување на критериумите, во рок од 5 (пет) дена по завршување на рокот за доствување на пријавите од Јавниот повик, до Градоначалникот ќе достави Мислење со предлог листа за избор на Граѓанска организација(партнер организација) заради реализација на поединечни активности дефинирани во Програмата за активностите од областа на еднаквите можности на мажите и жените за 2024 година, составен дел на Буџетот на општина Струмица за 2024;
- Врз основа на доставеното Мислење од Комисијата за спроведување на Јавниот повик, и дополнителната извршена презентација на планот за реализација на програмата со опис на опфат на мерките за кои аплицираат пред Градоначалникот и комисијата задолжена за спроведување на јавниот повик, Градоначалникот на општина Струмица, ќе донесе Решение за избор на граѓанска организација (партнер организација);
- Во рок од 3 (три) дена од објавувањето на Решението за избор на партнер организацијата, објавено на официјалната веб страница на општината, Градоначалникот на Општина Струмица ќе склучи Договор за партнерска соработка со избраната организација која во период од 4 (четири) месеци по стапувањето во сила (важноста) на договорот ќе ги имплементира сите поединечни активности од програмата;
- За Следењето на реализацијата на партнерската соработка за целиот период на имплементацијата ќе биде задолжена Комисијата за спроведување на Јавниот повик во соработка со Координаторката за еднакви можности на мажите и жените на општина Струмица.
Во прилог линкови од:
Образец за план на активности и видливости
Формулар со административни податоци
Формулар со финансиски податоци