ИЗВЕСТУВАЊЕ за градежни активности на неколку улици во градот

Почитувани граѓани, ве известуваме дека во следните 4 денови ќе се поставува втор слој асфалт на следните улици:

-Петок, 17.05.2024 на улица „Братство Единство“ на потегот од улицата „24-ти Октомври“ до булеварот „Климент Охридски“

-Сабота, 18.05.2024 на делови од улицата „Мито Хаџивасилев Јасмин“

-Недела, 19.05.2024 на крстосницата на булеварите „Климент Охридски“ и „Гоце Делчев“

-Понеделник, 20.05.2024 на кружниот тек кај ЕВН

 

Поради изведувањето на овие градежни активности сообраќајот ќе се одвива во отежнати услови и ве молиме за разбирање и поддршка.