Резултати од Јавниот Повик за доделување на 23 стипендии на редовни ученици во средните училишта и на 28 стипендии на редовни ученици во основните училишта
Фондација „Нова Генерација“ доделува дополнителни 10 стипендии на редовни ученици во средните училишта и 13 на ученици од основните училишта.
Право на учество на Јавниот повик имаат сите ученици кои во текот на претходната учебна година имаат освоена прва, втора или трета награда на меѓународен, државен, регионален или општински натпревар.

Комисијата за избор на ученици од основните и средните училишта во општина Струмица и ДСУ РЦСОО „Никола Карев“ – Струмица, по објавениот Јавен повик за доделување финансиска поддршка, а врз основа на доставената и прегледана документација, согласно утврдените услови и критериуми, ја утврди листата на ученици – добитници на стипендии за учебната 2025/2026 година.
Финансиската поддршка се доделува како што следува:
- За ученици од средно образование (редовни ученици во средните училишта во општина Струмица и ДСУ РЦСОО „Никола Карев“ – Струмица):
2.500,00 денари месечно, во времетраење од 9 месеци. - За ученици од основно образование (редовни ученици во основните општински училишта во општина Струмица):
2.000,00 денари месечно, во времетраење од 9 месеци.
Решенијата за добивање на стипендиите ќе им бидат врачени на учениците на посебен настан, за кој тие ќе бидат навремено информирани.
Во прилог линк од Решението за добивање на стипендиите превземи документ

