Јавен повик за дотација на тренери во спортските клубови

Јавен повик за дотација на тренери во спортските клубови

Општина Струмица, согласно своите надлежности и програмски определби, продолжува со реализација на активностите кои имаат за цел – поддршка за унапредување на спортот и спортските клубови во нашата општина. За таа цел, покрај другите активности на тој план, веќе е објавен Јавен повик за дотација за стручни спортски работници – тренери на  спортските клубови, преку кој се обезбедува финансиска поддршка за најмногу 10 (десет) тренери во спортските здруженија и други правни лица од областа на спортот кои делуваат на територијата на општина Струмица. Право на учество имаат спортските здруженија и други правни лица кои настапуваат во организиран систем на натпреварување (првенство) и тоа во фудбал, кошарка, одбојка, ракомет и други спортови, а се натпреваруваат во двата највисоки рангови: прва и втора лига.

За повеќе информации на дадениот ЛИНК