Комисијата за пописен реон 14 – Струмица и Василево ги известува реонските попишувачи и реонските инструктори дека тестирањето ќе се изврши на 11 и 12.03.2021 г. во просториите на СОУ „Јане Сандански“ Струмица.
Попишувачите и инструкторите треба да се јават 30 минути пред почетокот на тестирањето и задолжително да носат заштитна маска (KN95).
Доколку немаат доставено по пошта фотокопија од документи во хартиена форма до Државниот завод за статистика, истите треба да ги достават на денот на тестирањето. Потребни документи во фотокопија кои треба да се достават се:
1.Доказ за државјанство – фотокопија од:
-Лична карта или
-Уверeние за државјанство или
-Диплома за завршено образование
2.Доказ за завршено најмалку средно образование – фотокопија од:
-Свидетелство или
-Уверение или
-Диплома за завршено образование.
3.Писмена изјава дека немаат засновано работен однос
4.Писмена изјава дека имаат познавање од работа со персонален компјутер
Точната дата и времето на тестирањето се дадени во списоците кои се објавени на огласната табла на Општина Струмица, во седиштето на Комисијата за пописен реон 14 (Дом на АРМ) и на огласните табли во СОУ „Јане Сандански“ и Општина Василево.