Почитувани граѓани на Општина Струмица ве информираме дека заклучно со 01.07.2024 година (понеделник) до архивата на Општина Струмица пристигнати се 82 барања истите се разгледани од страна на комисија за спроведување на јавниот повик за субвенционирање на граѓаните на Општина Струмица, за купување на велосипед или велосипед со заштитна опрема (кацига, ракавици, штитници, велосипедско светло), за 2024 година. Од планираниот буџет во програмата за заштита на Животната средина за 2024 година беа планирани 1.250.000 денари до сега се искористени 555.396 денари.
Со Почит
Градоначалник на
Општина Струмица
Костадин Костадинов