Извештај за извршени вонредни инспекциски надзори од општинскиот инспектор за животна средина во Струмица на 04.02.2025 година

Извештај за извршени вонредни инспекциски надзори од општинскиот инспектор за животна средина во Струмица на 04.02.2025 година
Согласно Извештаите за спроведени активности од страна на општинскиот инспектор за животна средина на општина Струмица на ден 04.02.2025 година – Понеделник извршени се шест вонредни инспекциски надзори од кои четири кај правни субјекти со дејност Производство на друг мебел, еден кај правен субјект Производство на амбалажа од пластични маси за пакување и еден инспекциски надзор кај правен субјект кој се бави со изработка на метални конструкции.
Од извршените инспекциски надзори констатирани се неправилности кај сите шест правни субјекти и тоа :
– Кај два правни субјекти ќе биде поведена прекршочна постапка согласно член 37 став (4) од Законот за управување со отпадот со издавање на прекршочен платен налог со казна во висина од 9000 евра за правниот субјект и 500 евра за управителот на правниот субјект на надзор,
– За три правни субјекти ќе се донесе Решение за изработка на Елаборат за животна средина и да се превземат соодветни технички мерки за вградување на филтер со кој ќе се намали, спречи и контролира негативното влијание врз квалитетот на амбиентниот воздух.
– За еден правен субјект ќе се донесе Решение согласно дејноста која ја обавува да се изработи елаборат за животна средина согласно член 24 од Законот за животна средина.
Во периодот кој следува вонредните надзори кои се спроведуваат од страна на инспекторот за животна средина на општина Струмица ќе се објавуваат на официјалната страна на општината.