Информативен настан за поддршка на домаќинства – Грантови за зелена енергија

Информативен настан за поддршка на домаќинства – Грантови за зелена енергија
Почитувани граѓани,
Градоначалникот на општина Струмица, Петар Јанков, ве поканува на информативен настан „Поддршка за домаќинства – Грантови за зелена енергија“, посветен на можностите за финансиска поддршка преку Фондот за зелено финансирање и УНДП.
Настанот е наменет за сите граѓани кои сакаат да добијат информации за грантови за клима-инвертери, топлотни пумпи и енергетски ефикасни фасади.
Информативниот настан ќе се одржи на ден 17.12.2025 година (среда) во 13 часот во салата на Советот на општина Струмица во Дом на АРМ.