Информација за запишување на ученици во прва година во средните општински училишта во општина Струмица

Според условите и критериумите од објавениот конкурс за запишување на ученици во јавните средни училишта за учебната 2021/2022 година во Република Северна Македонија, објавен од МОН во месец март 2021 година, во трите СОУ во општина Струмица е предвидено да се запишат 1272 ученика. Во СОУ „Јане Сандански“ од Струмица се планирани 374 слободни места распоредени во 11 паралелки, од кои во гимназиско образование 238 ученици во 7 паралелки и во економско – правна и трговска струка 136 ученици во 4 паралелки. Во СОУУД „Димитар Влахов“ од Струмица се планирани 381 слободно место, распоредени во 12 паралелки. Во СОУ „Никола Карев“ од Струмица се планирани 517 слободни места, распоредени во 16 паралелки. Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со три пријавувања во месец јуни. Првото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 14 јуни 2021 година во период од 12:00 часот до 19:00 часот, на 15 и 16 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 19:00 часот и на 17 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 15:00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 17 јуни 2021 година во периодот од 16:00 часот до 19:00 часот. Квалификационото тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 21 јуни 2021 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 21 јуни 2021 година. Второто пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 23 и 24 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 19:00 часот и на 25 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 15:00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 25 јуни 2021 година во периодот од 16:00 часот до 19:00 часот. Квалификационото тестирање за второто пријавување ќе се организира во училиштата за средно образование на 26 јуни 2021 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават на 26 јуни 2021 година. Третото пријавување и запишување на учениците ќе се врши на 30 јуни 2021 година во период од 07:00 часот до 19:00 часот, согласно изготвен распоред од страна на училиштето. Ранг листите со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 1 јули 2021 година.