Во духот на боите, смеата и магијата на Струмичкиот карневал, вечерва во НУЦК „Антон Панов“ успешно заврши карневалскиот мјузикл „Аладин и волшебната ламба“.
Овој настан како дел од официјалната карневалска програма, внесе дополнителен сјај во деновите на карневалското славје, привлекувајќи голем број посетители од сите генерации.
На настанот присуствуваше градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, заедно со членови на Советот на Општина Струмица, кои со своето присуство и поддршка уште еднаш ја истакнаа посветеноста на Општината кон Струмичкиот карневал.
Струмичкиот карневал продолжува да биде препознатлив симбол на Струмица, а ваквите настани се уште еден доказ дека традицијата успешно се надополнува, создавајќи незаборавни моменти за граѓаните и посетителите.


