Костадинов:Соработката меѓу локалната и централната власт дава резултати во интерес на граѓаните

Костадинов:Соработката меѓу локалната и централната власт дава резултати во интерес на граѓаните

Градоначалникот Костадин Костадинов денеска беше домаќин на премиерот Димитар Ковачевски и министри од Владата на Република Северна Македонија. Посетата започна во градинката „Виножито“ која беше отворена пред една година и е најголемата новоизградена предучилишна установа во државата.

Градоначалникот Костадинов истакна дека денеска од градинката е пуштена силна порака за важноста на соработката помеѓу локалната и централната власт. Токму оваа градинка е плод на таквата соработка, поддржана од Светска банка.

-Како Општина на која децата и се приоритет, а во соработка со ресорните министерства, постојано инвестираме во подобрувањето на капацитетите на градинките и училиштата. Во инфраструктурното уредување околу новата градинка досега имаме инвестирано 20 милиони денари, тоа е улицата „Атанас Јанев“ со тротоарското уредување, улицата број 1 е веќе пробиена со општински средства од 9 милиони денари, а што претставува ново грло во населбата Касарна. Продолжуваме понатаму уште посилно, а особено во населените места оти нашата цел е  да мотивираме што повеќе граѓани да останат да живеат таму, а наша обврска е да инвестираме во подобрувањето на условите за живот и да ја спречиме миграцијата село – град, рече градоначалникот Костадинов.

Костадинов и владината делегација предводена од премиерот Ковачевски имаа средба и во градоначалничкиот  кабинет. На средбата се разговараше за реализираните и проектите коишто се во тек на реализација, за развојот на Општината и предизвиците со коишто се соочува, а го посетија и новоотворениот Младински центар во општинската зграда.