Градоначалникот Костадин Костадинов денеска во неговиот кабинет изврши прием за младите шахисти од шаховскиот клуб „Цареви Кули“ од Струмица, по повод нивното успешно учество на Светското шаховско првенство кое неодамна се одржа во Египет.Тројцата млади струмички шахисти го запознаа градоначалникот со остварените резултати на првенството и со нивните импресии од Египет, а Костадинов им честиташе за солидното претставување на струмичкиот и македонскиот шах, имајќи во предвид дека на првенството учествуваа 630 млади шахисти од 60 земји од целиот свет. Тој истакна дека е горд на фактот што од четворица македонски млади шахисти, учесници на првенството, дури тројца се од Струмица.
Инаку градоначалникот Костадинов и Општина Струмица финансиски го поддржаа патувањето на младите шахисти во Египет, со што уште еднаш беше потврдена заложбата за континуирана поддршка на младите и спортот, која ќе продолжи и во наредниот период.